Отворен првиот Православен Универзитет во Мадагаск

Објавено на 10.6.2015 13:59:59

На 3 јуни 2015 год., Патријархот Александриски го посети градот Манакара, каде беше пречекан од регионалниот комесар и големо мнозинство луѓе. Претстојателот ги посети канцелариите на регионалниот комесар, каде што им упати зборови на духовна утеха на луѓето од областа и ги посоветува да имаат трпение во надежта за подобра иднина, во овие тешки околности во кои живеат, бидејќи овие луѓе живеат од она што им го дава природата, која е една од најретките флора и фауна во светот. 

Во православниот храм посветен на Света Троица во Манакара, дечињата и толпата народ со славословие го пречекаа Патријархот и му ги предаоа своите традиционални, рачно направени дарови. 

Денот заврши со отворањето на првиот Православен Универзитет во Мадагаскар, под покровителство на светата Митрополија. Александрискиот Претстојател го изврши осветувањето во присуство на претставници на Парламентот на Мадагаскар, градоначалникот на Манакара, регионалниот комесар, локалниот Митрополит, свештенство од Митрополијата и жителите на Манакара. Неговата светост зборуваше со топлина и љубов, обраќајќи им се на луѓето и велејќи дека оваа институција е за децата на Манакара, кои се иднина на земјата. Тој исто така изрази надеж дека во иднина повеќе вакви филантропски институции ќе бидат отворени за доброто на оваа многу сиромашна земја. Обраќајќи му се на о. Апостол, тој се помоли наскоро овде да никне и монашки центар за грижа и поткрепа на луѓето. 

Универзитетот е донација на архимандрит Киријакос Цолакис од Кардица и нему Патријархот му се обрати со благодарност. Манакара е град на брегот на Индискиот океан.

Извор

 http://www.bigorski.org.mk

 


Прочитано 1653 пати