Цветници

Објавено на 24.4.2016 18:29:12

24.04.2016г.

Денес, кога Светата Црква го празнува Влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим - ЦВЕТНИЦИ, во храмот „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија се отслужи Света Архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше митрополитот Повардарски г.Агатангел со сослужение со повеќе свештеници од Повардарската Епархија. Митрополитот пред почетокот на Литургијата благоволи и го потсрижа за чтец дипломираниот теолог од Гевгелија Влатко Велевски.

На Светата Литургија храмот беше молитвено исполнет од мноштво верници од кои повеќето се причестија со Телото и Крвта Христови.


+++

 

Чтец (грч. αναγνώστης, цсл. чтецъ, лат. lector) е еден од пониските чинови во Православната Црква, суб-клирски чин кој е издвоен од лаосот како благословен од Епископот да го чита Апостолот за време на Света Литургија. Чтецот може да служи и како пеач (певец) или катихист во својата парохија.

Овој чин е повисок од вратарот (денес целосно отсутен), а понизок од ипоѓаконот. Неговата главна улога е да го чита Стариот Завет и посланијата апостолски за време на Литургијата, како и да ги пее Псалмите и антифоните. Постои посебен чин на пострижување во чтец, иако во денешно време и лаик може да ја врши улогата на чтецот со благослов на свештеник.

 


Прочитано 1786 пати