Се советувале православен свештеник, римокатолички и протестантски проповедник за тоа како да го решат проблемот со глувците во Божјите домови.
-Секој ден – рекол проповедникот – пред да дојдат верниците им проповедам на глувците, ќе слушаат, слушаат, ќе им здосади и ќе си заминат, утредента повторно го имам истиот проблем и така секој ден.
-Јас почнав да ги исповедам – рекол римокатоликот – еден по еден доаѓаат на исповед и си одат пред да дојдат верниците, но и кај нас наредниот ден повторно се враќаат.
-Ние многу лесно го надминавме тој проблем – рекол православниот свештеник – сите глувци во црквата ги направиваме православни и сега ни доаѓаат само на Божик и Велигден.