Животот на каменорезецот бил тежок, раце отечени и полни со рани, подгрбавена половина, а лицето – овенато. Бил несреќен. Еднаш рекол:
-Ова не е живот. Зошто судбината ми дала да бидам ова што сум? Само кога би се збогатил, би бил среќен.
Му се јавил ангел Господов и го прашал:
-Што треба да се случи за да почувствуваш дека си богат и среќен?
-Кога би бил богат, би живеел во градот, во луксузен стан, а во собата би имал луксузен кревет во кој ќе спијам со денови.
-Ти си богат – рекол ангелот.
И каменорезецот станал богат. Живеел во градот, во луксузен стан, спиел со денови и бил среќен. Но сето тоа траело до моментот, кога еднаш, рано наутро, го пробудила силна бучава од улицата. Погледнал низ прозорецот и видел златна кочија што ја следеле војници. Тоа бил кралот. Луѓето го поздравувале и се поклонувале пред него. Богатиот одеднаш сфатил дека е несреќен.
-Толку сум несреќен! - Извикал кон Ангелот. – Кралот е многу помоќен од мене. Кога би можел да бидам крал, би бил целосно среќен.
-Од денеска си крал. – му рекол Ангелот.
И богатиот станал крал. Бил среќен поради својата власт. Сакал да ужива во знаците на почитување и да решава за судбината на луѓето. Но еднаш го забележал сонцето и видел дека тоа може да прави работи што тој не можел да ги прави. Да ги претвара полињата од зелени во жолти, да пресушува реки и езера и други големи работи. И тогаш кралот сватил дека е несреќен.
-Толку сум несреќен! – повторно се обратил кон Ангелот. – Сонцето е посилно од мене. Ех, кога би можел да бидам сонце, би бил целосно среќен.
-Добро, од денеска ти си – сонце. – му рекол Ангелот.
И кралот станал сонце. Бил среќен поради тоа што можел да го менува светот со својата сила. И управувал со светот, силно светејќи и радувајќи се на својата сила. Но тоа траело до моментот кога ја видел карпата. Била црна, силна и неразрушлива. Ни топлото ни ладното не можеле да ја разрушат. И повторно ја почувствувал тагата и несреќата.
-Толку сум несреќен! Ех, кога би можел да бидам карпа, повторно би си ја нашол среќата.
Повторно му се јавил ангелот и му рекол:
-Ти си – карпа.
И тој стана карпа и се насладуваше со својата сила, чувствувајќи дека може да се спротивстави на се, што создала природата. Се радувал на својата непокорност и му се смеел на сонцето.
Така било се до моментот, кога пристигнал Каменорезецот.