РАЈОТ И ПЕКОЛОТ

Објавено на 23.9.2016 08:56:23

  Еден Светител се молел на Господа:
  -Господи, Те молам, би сакал да ми ги покажеш Рајот и Пеколот.
  Бог ја услишал молитвата и го одвел светителот до две врати.
 Отворил една од двете врати и му дозволи да влезе внатре. На средината на собата, имало голема округла маса. На средина на масата, се наоѓал голем сад, со многу убаво и благомирисно јадење. Светителот го почувствувал миросот од прекрасното јадење. Луѓето кои седеле околу масата биле многу слаби, бледи и со болникав израз. Сите изгледале прегладнето. Имале лажици со многу големи дршки кои биле прицврстени за нивните раце. Сите можеле да досигнат до чинијата со храна и да земат по малку, но бидејќи дршките биле подолги од нивните раце, не можеле да ја стават храната во својата уста. Светителот се растреперил гледајќи ги нивние маки и страдања.
  Бог му рекол:
  -Сега го виде пеколот.
  Бог и човекот се упатиле кон другата врата. Бог ја отворил и другата врата. Сцената што човекот ја видел внатре била слична на претходната. Тука била големата маса, чинијата со прекрасно јадење, кое повторно било многу привлечно за светителот. Луѓето околу масата исто така имале лажици со големи дршки, но сега, луѓето биле добро нахранети и среќни, така што разговарале помеѓу себе со задоволство и се смешкале.
Светителот му рече на Бога:
-Не разбирам!
-Едноставно е, одговорил Бог, се зависи од една вештина. Овие научиле да се хранат едни со други, додека оние другите не мислат на ништо друго освен на самите себе.
КОГА ХРИСТОС УМРЕ НА КРСТОТ, МИСЛЕШЕ НА ТЕБЕ. 


Прочитано 831 пати