Еднаш го запрашале Исак Њутон дали верува во сеопштото воскресение од мртвите.
- Да,- одговорил тој, - секако дека верувам.
- Тогаш објасни ни како е можно телата на умрените, одамна распаднати, повторно да станат тела на своите души?
Наместо одговор, научникот измешал железни струготинки со земја и ги прашал присутните.
- Кој може да ги издвои од прашината и повторно да ги состави овие струготинки од железо?
Одговор не добил.
Тогаш Њутон земал магнет и го доближил до мешавината. Железните струготинки почнале да се лепат за магнетот и едни за други.
Во прашината не останал ниту еден молекул од железото.
Њутон се завртил кон присутните и им рекол:
- Оној, што му дал ваква сила на мртов камен, зарем Тој не може да им даде таква сила на нашите души кога ќе треба да се облчечат во своите прославени тела?!