НЕВЕРНИК

Објавено на 18.1.2016 18:59:24

Петар секоја ноќ сонува, дека има Бог. Бог не постои, но во неговиот сон постои. Доаѓа, Го гледа, разговараат. Бог му се обраќа со “ти”, а тој на Бога со “Вие”. Едвај чека да се разбуди. Да не Го гледа повеќе. Но денот поминува и доаѓа ноќ. А Бог ниту една ноќ не пропушта да не го посети. По заболекари оди Петар, мислејќи дека тоа му е од болниот заб. Но не е од забот. Затоа што Оној повторно се јавува. Го испратија Петар да се лекува. Тајно, во најдалечната болница. А Бог - по него, во првиот сон во болницата. И повторно секоја ноќ. А не постои?! По извесно време, Петар умира. И истиот тој Бог, го посети и во овој последен сон. Ја зема измачената душа и ја смести во најубавото место, помеѓу самите архангели и ангели... А Петар, чека да се разбуди. Не верува и не верува. 


Прочитано 826 пати