Молитвата на свети Ефрем Сирин

Објавено на 21.8.2017 12:00:32


Господи и Владико на мојот живот, не давај ми дух на ленос, безволност, властољубие и празнословие.

(метаија)

Даруј ми, пак, како на Твој раб, Дух на целомудреност, смиреност, трпение и љубов.

(метанија)

Еј, Господи, Цару, дај ми да ги согледам моите прегрешенија за да не го осудувам мојот брат, зашто си благословен во вечни векови. Амин!

(метанија)

Боже, очисти ме грешниот и помилуј ме.

(12 пати со поклон)

Господи и Владико на мојот живот, не давај ми дух на ленос, безволност, властољубие и празнословие.

Даруј ми, пак, како на Твој раб, Дух на целомудреност, смиреност, трпение и љубов.

Еј, Господи, Цару, дај ми да ги согледам моите прегрешенија за да не го осудувам мојот брат, зашто си благословен во вечни векови. Амин!

(метанија)

 


Прочитано 263 пати