Подготвување пред Света Исповед

Објавено на 23.9.2016 09:11:13


  За да би се исповедале како што доликува, мораме претходно да се подготвиме. Подготвувањето пред светата исповед има само една цел: да не наведе, да се гледаме себе си онакви какви што навистина сме пред Бога, за да можеме да ги исповедаме своите гревови со искрена надеж дека ќе ни бидат опростени.
 
за да ги исповедаме своите гревови мораме да знаеме што е грев. А за да го знаеме тоа мораме да го испитаме нашиот живот: што мислиме, што говориме и што правиме.
  Тука настанува голем проблем, затоа што многумина од нас немаат вистинско мерило кое би го земале за пример. Често знаеме да одлучуваме според оние критериуми кои ние ги сметаме за исправни, а кои, всушност, се далечни на христијанството, колку што е раздалечено небото од земјата. 
   На пример, се вреднуваме себеси според сопствените идеи за нормален човек: “ние сме нормални,просечни, како сите други, не см
е ништо полоши  од ...”
Или пак според критериумите што ни ги налага општеството.”ние сме чесни граѓани, го почитуваме законот, работиме напорно...”
  Или пак се вреднуваме според некоја црковна традиција која сама по себе нема никаква врска со вистинската христијанска вредност: “во недела одиме во црква, во петок не јадеме месо, не играме за време на пост...”
  Или, според старозаветните вредности кои се многу добри, но не и возвишени како христијанските: “не крадеме, не лажеме, не убиваме, не вршиме прељуба...”
  Важно е самоиспитувањето да биде, длабок и сериозен преглед на сопствениот живот. Покрај искреноста и храброста нашиот живот мораме да го вреднуваме според христијанските мерила, според учењето и животот на Нашиот Господ Исус Христос.
 
 
Проучување на Евангелието
 
 
  Пред да се преиспитаме себе си мораме да го проучиме Евангелието и целиот Нов Завет. Затоа што како ќе расудуваме за себе според христијанските вредности ако истите не ги знаеме или не ги сваќаме сериозно? Затоа во периодот кога се подготвуваме за исповед, треба повеќе време да поминеме гледајќи
во Христа отколку во себе. Затоа што само преку Христа можеме да се видиме онакви какви што навистина сме. Христијаните мора да го знаат Евангелието и учењето на Новиот Завет.  Евангелието и Новиот Завет мора да бидат патеводители на христијаните кон правилната исповед.
 
 
Приоѓање кон св. исповед
 
 
  На исповед доаѓаме за да испросиме од Бога опростување за нашите гревови и за ништо друго! Можеме од својот исповедник да побараме и некој совет, но треба да знаеме дека исповедта не е “духовно мудрување” или некоја врста на “религиозна психоанализа”. Стоиме пред живиот Бог жедни за Неговата љубов за очистување и воведување во Неговото Царство Небесно.
  Духовното советување може да биде дел од исповедта, а во денешно време кога, за жал, скоро никогаш не размислуваме за својот духовен живот, освен за време на исповедта, тоа може да биде и единствената можност за некој душекорисен совет. Сепак треба да бидеме свесни дека тоа е споредна, а не суштинска страна на исповедта и дека “успехот или неуспехот” на исповедта не зависи од личноста и советодавните капацитети на исповедникот.
  Самиот Бог делува преку исповедта! И може да ни се обрати кога ни најмалку не се надеваме; и тоа преку свештеник од кого најмамалку очекуваме, можеме да го слушнеме неговиот глас само ако сме доволно смирени да се отвориме себе си за Неговите зборови и да ги отврлиме од себе сите човечки предрасуди кои не спречуваат да го познаеме и доживееме Неговото лично присуство во Светите Тајни во Црквата Божја. Било како било
, едно е сигурно:
нашето искрено, чисто покајание и желба да се очистиме и обновиме за нов живот во Бога е единствената цел на исповедта во Црквата.
  На исповед доаѓаме за да ги исповедаме своите гревови. Затоа треба да ги кажеме јасно и отворено, без празно мудрување и навлегување во непотребни детаљи, но и без прикривање на вистинското зло преку фразите “вообичаени работи”, “домашни гревови”, “секојдневни гревови” итн. Правилното разбирање на Христовото учење е единственото нешто што може да ни помогне во исповедта. Треба да го кажеме она што навистина сметаме дека е наш грев, или пак да исповедаме неколку гревови со кои често се среќаваме и кои за жал владеат со нашиот живот.
  На исповед доаѓаме за да ги исповедаме нашите гревови. Лесно можеме да дојдеме во искушение и да почнеме да исповедаме туѓи гревови, на членовите од нашето семејство, на луѓето со кои работиме или на некои други наши во Христа браќа и сестри. Најважно е на исповедта да говориме за себе, за своите гревови и престапи. Треба да ја избегнуваме лажната и опрелестен
а загриженост за другите, затоа што на исповед доаѓаме ние да се излекуваме, а не да лечиме некои други.
  Пред да пристапиме на исповед треба да знаеме дека не можеме ниту пак од нас се очекува да ги запамтиме сите наши согрешенија. Затоа ако нешто несвесно заборавиме да го исповедаме не треба да стравуваме дека Бог нема да ни опрости. После искрената исповед во која сме ги вложиле сите човечки сили да го исповедаме секој грев, Бог ќе не разреши од сите сакани и несакани, свесни  и несвесни, знајни и незнајни гревови, на кои сме се сетиле или пак сме ги заборавиле не намерно.
  Важно е да не паднеме во очајание И да не се посомневаме во Божјата милост. Пред Бога важна е нашата намера и искреност во покајанието, а не капацитетот на нашата меморија. Ова секако не значи дека “искрената” намера може да го замени и самото одење на исповед. Но секако знач
и дека големината на  Божјата милост не е условена од нашето сеќавање или пак од мноштвото на нашите гревови.
  Нема толкав број ниту пак големина на гревот што Бог не може да ги опрости. Нема совршена исповед која ја заслужила Божјата милост поради својата совршеност. Не постои ни Света Причест која не се дава и не се прима од грешник. Сите други помисли кои се однесуваат на ова расудување, не се само лоша теологија, туку и богохулство; и можат да доведат до умно или духовно пореметување.
  Се бориме за да го победиме гревот.
  На прашањето како можеме да знаеме дали Бог ни ги простил гревовите, еден свет отец рекол: “Ако ги мразите своите гревови, тогаш Бог ви ги опростил”
  Во христијанското покајение нема место за жалење, оправдувње, разјаснување на гревот, префрлање на одговорноста на други или на човечка слабост или на “производ на околностите”. Човекот може да го препознае, да
му се спротивстави, да го презре или да се одрече од гревот. 
  Затоа кога се исповедаме треба да си ветиме дека ќе се трудиме со сите сили да го победиме гревот и да го исправиме нашиот огревовен живот. Тоа е и се што можеме да ветиме, дека ќе се потрудиме. Не можеме да загарантираме никакви резултати. А и тоа е се што Бог сака: сериозна борба за да го победиме гревот. Ако се бориме со сета сила и храброст, Бог ќе ни дарува победа во часот што Тој ќе го избере како најподобен. 
Наша единствена задача е да веруваме и херојски да се бориме.


Прочитано 1232 пати