Молитвата како духовно милување

Објавено на 18.1.2016 19:49:15

Немој да вршиш притисок врз своите деца. Тоа што сакаш да им го кажеш, кажи го во својата молитва. Децата не слушаат со уши, туку само тогаш кога ќе дојде благодатта Божја, која ги просветува и дури тогаш го слушаат она што сакаме да им го кажеме. Кога ќе сакаш да им кажеш нешто на своите деца, кажи ѝ го тоа на Пресвета Богородица и Таа ќе посредува. Твојата молитва ќе дејствува како духовно милување, кое ги гушка децата, а тоа ќе ги привлече. Се случува, гледаш, понекогаш да сакаме да ги помилуваме, а тие се бранат, но од духовното милување никогаш нема да се бранат
Старец Порфириј


Прочитано 1063 пати