Се удави грчки митрополит

Објавено на 21.8.2017 12:33:28

Митрополитот на Филипи, Неапол (денес Кавала) и Тасос - Прокопиј, се удавил во морето кај островот Тасос. Неговото тело го пронашол личниот ѓакон на митрополитот, кој го барал за ручек. Митрополитот утрото заминнал на пливање во областа Калирахи на островот, во близина на зградата на локалната епископска резиденција и Детското одмаралиште на епархијата. според првичните информации, тој добил срцев удар за време на пливањето.

Митрополитот Прокопиј е роден 1939 година на островот Хиос.

Со епархијата на Филипи, Неапол и Тасос управувал 43 години, од месец мај 1974 година.

извор:

Двери бг.


Прочитано 2391 пати