БДЕНИЕ

Објавено на 15.4.2016 14:56:35

На ден 22. 04. 2016 година, кога Светата православна црква го чествува празникот Лазарево Воскресение (Лазарова Сабота) во манастирот „Свето Вознесение Христово“ во Гевгелија,  ќе се отслужи сеноќно бдение. На бдението ќе чиноначалствува Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на бројно свештенство на епархијата. Се повикуваат сите православни верници да присуствуваат на оваа служба, која ќе започне во 23.00 часот и ќе заврши со Света Божествена Литургија.


Прочитано 1819 пати