УКРАИНСКО СЕЛО ВОСПИТАЛО 220 СВЕШТЕНИЦИ

Објавено на 13.10.2017 10:10:07




        Скоро секое семејство во малото Украинско селце Залесци, Волинска епархија, воспитало по еден свештеник. Од селото произлегле 220 свештеници, а во него живеат околу 500 семејства.         Според жителите на селото ова се должи на фактот што благодарение на Бога за време на Советската власт тие имале голем духовник во својот храм, како и поради блискоста на селото со Почаевската лавра – старешина на храмот бил монахот Сава. Монахот Сава доаѓал од лаврата во селото, создал црковен хор во храмот и ги поучувал луѓето дека не треба да се плашат да доаѓаат во Црква. За време на големите празници, селото било обиколувано од полиција која не дозволувала никој од друго место да влезе во селото. Монахот Сава починал пред 15 години во длабока старост, но плодовите од неговото дело се уште постојат.
        "Нашите луѓе се верници, во селото нема злосторства. Ретко некој од нашите се осудува да прекрши некоја од Божјите заповеди", изјавил секретарот на селскиот совет. 
        Сега свештениците од Залесци служат во православните храмови низ Украина, Русија, Белорусија, Германија. Но секоја година на 2 август, кога се празнува споменот на светиот пророк Илија, тие се собираат на собор во родното село.


Прочитано 2306 пати