Тројцата пријатели

Објавено на 23.8.2017 15:10:21




        Некој човек бил лажно обвинет и поради тоа бил изведен пред суд да одговара за дела што не ги извршил. За да го ослободат, морало некој да дојде и да посведочи дека тој не направил ништо лошо, односно дека е невин.
        Несреќниот човек отишол кај тројцата свои најдобри пријатели и ги молел утре дента да отидат со него кај судијата и да го спасат од неправедната осуда.
        Наредниот ден, првиот пријател му се јавил и му се извинил што не може да дојде, вториот го испратил до вратата на судницата, каде што се предомислил и се вретил назад.
Третиот пријател, на кого најмалку се надевал, влегол во судницата и сведочел дека човекот не е виновен и така го ислободил од обвиненијата.
        Истото се случува и со секој од нас. Тројцата пријатели што ги имаме во животот и кои можат да сведочат за нас се: нашиот имот, нашите роднини и добрите дела што ги имаме направено.
        Кога човекот ќе се упокои, се што во живото заработил и спечалил, колку и да е тоа големо, останува тука на земјата и со ништо не може да му помогне. Роднините ќе го испратат до гробот, но тие остануваат тука во овој свет. Единствено добрите дела, оној третиот пријател, заминуваат со човекот во оној свет, покажувајќи ја на Бога вистината за неговата душа. 
        Така вредноста на човекот се мери според добрите дела што ги прави тука на земјата.


Прочитано 2387 пати