Просјакот што го мразел Бога

Објавено на 21.8.2017 11:59:11



Еднаш некој побожен човек во својот дом примил просјак и го понудил со ручек. Кога побожниот човек пред ручекот почнал да се моли, просјакот, на секое спомнување на Божјото Име, со пцовки го навредувал Бога, така што човекот го избркал од својот дом.

Вечерта, Бог му се јавил на човекот и му рекол:

-Тој човек пеесет години пцуе и проколнува, па го немам оставено без храна, а ти не можеше ниту еден оброк да му дадеш.

 


Прочитано 828 пати