Проклето семе

Објавено на 21.8.2017 11:57:51




Еднаш учениците дошле кај старецот и го прашале: 
-Зошто лошите навики завладуваат со човекот, а добрите – тешко и непостојано опстојуваат? 
-Што ќе се случи, – ги прашал старецот -  ако здравото семе го оставиме на сонце, а болното го закопаме во земја? 
-Доброто семе, ако е оставено без да се надгледува, ќе пропадне, а лошото семе ќе израсне, но ќе даде болно стебло и лош плод, - одговориле учениците.
-Така прават и луѓето: наместо во тајност да прават добри дела и длабоко во душата да им растат добри стебла, тие ги оставаат да бидат јавни и со тоа ги губат. А своите недостатоци и гревови, за да не ги видат другите, ги кријат длабоко во душата. Таму тие растат и го уништуваат човекот во неговата душата. Вие, пак, бидете мудри.
Учениците му се заблагодариле на отецот за поуката и си заминале замислени.


Прочитано 892 пати