Исак Њутон

Објавено на 01.6.2016 10:03:58


        Еднаш го запрашале Исак Њутон дали верува во сеопштото воскресение од мртвите.
        -  Да,-  одговорил тој, - секако дека верувам.
        -  Тогаш објасни ни како е можно телата на умрените, одамна распаднати, повторно да станат тела на своите души?
        Наместо одговор, научникот измешал железни струготинки со земја и ги прашал присутните.
        -  Кој може да ги издвои од прашината и повторно да ги состави овие струготинки од железо?
        Одговор не добил.
        Тогаш Њутон земал магнет и го доближил до мешавината.         Железните струготинки почнале да се лепат за магнетот и едни за други.
        Во прашината не останал ниту еден молекул од железото.
        Њутон се завртил кон присутните и им рекол: 
        -  Оној, што му дал ваква сила на мртов камен, зарем Тој не може да им даде таква сила на нашите души кога ќе треба да се облчечат во своите прославени тела?!


Прочитано 717 пати