Млад брачен пар се доселил во улицата. Утредента, додека појадувале, жената ја забележала комшиката како ги спружира своите алишта.
-Колку ѝ се нечисти алиштата. Можеби ѝ е потребен друг прашок за перење, или пак, можеби воопшто не знае да пере!
Мажот молчешкум гледал и ништо не коментирал. Секогаш кога комшиката пружирала алишта, следувале исти коментари. Месец дена подоцна, жената била зачудена кога видела дека на комшиката алиштата и се бели како снег.
-Погледни, конечно научила да пере. Кој ли ја научил? – му кажала на мажот.
-Никој, јас ги исчистив нашите прозорци.