БИБЛИЈА

Објавено на 08.2.2016 17:21:56

Во некое далечно домородно село каде што модерната цивилизација се уште не била пристигната (можеби затоа што домородците не сакале да ја прифатат) бил испратен набљудувач кој имал за цел да ја испита културата и степенот на цивилизација кај луѓето од тоа племе.
  Така еднаш кога се шетал покрај домородците и си забележувал некои работи во својот тефтер го здогледал поглаватарот како чита некоја книга, му пристапил и го запрашал: 
-Каква е таа книга што ја читаш?
  Поглаварот му одговорил: 
  -Оваа книга е единствената што сакам да ја читам и ја читам секој ден. Размислувам за тоа што е напишано во неа, а потоа им ја раскажувам на моите луѓе. Ова е книгата е БИБЛИЈАТА!
  Изненаден од одговорот, човекот, иронично се насмевнал и му забележал на поглаварот:
  - Па вие навистина сте биле многу заостанати, затоа не ја прифаќате модерната технологија! Кај нас цивилизираните луѓе таа книга веќе одамна престана да се чита. Таа книга не носи ништо добро, ќе те научи како да бидеш понизен слуга, а не господар.
  Поглаварот се насмевнал и одговорил:
  - Можеби, но ако не беше оваа книга кај нас, ти одамна би се варел во котелот.



Прочитано 841 пати