За облекувањето на децата

Објавено на 12.10.2017 11:28:53




Додека излегуваше од црквата "Свети Константин" во Омонија, му пристапи еден брачен пар со девојче:
  -Сакаме да ви поставиме само едно прашање, нема долго да ве задржуваме. Го имаме ова девојче – рече мажот – а мојата сопруга упорно ѝ облекува пантолони. Јас тоа не го прифаќам, не го одобрувам. И така дојдовме до големи неосгласувања. Одлучивме, значи, да отидеме кај некој свештеник, кај било кој свештеник и да му го изнесеме својот проблем, па како што ќе ни каже тој така и ќе постапиме.
  Старец Порфириј прво им рече дека проблемот не е едноставен. Потоа им објасни дека тој проблем е разрешен во Светото Писмо и свештените канони. Меѓутоа, решен е и од страна на природата, бидејќи жената не е иста природа како и мажот, односно и телесно и душевно се разликува од него. Таа разлика се истакнува со облекувањето, затоа што машкото е создадено на еден начин, а женското на друг. Ги упати на Петтата книга Мојсеева (22,5), која им забранува на мажите да носат женска облека и на жените да носат машка облека.
  Наведувајќи го претходниов случај, старецот сакаше со пример да им покаже дека машката облека во психолошка смисла влијае на женската природа, така што жената по многу што се однесува како маж, што е спротивно на нејзината природа. Се разбира, тоа истото се случува и во спротивен случај, кога децата или мажите носат женска облека.
Старец Порфириј


Прочитано 2632 пати