Еден универзитетски професор го посети старец Пајсиј и му рече:
”Старче, тешко ми е да поверувам дека постои Бог. Знаеш, јас образуван човек, живеам на Запад, и сето тоа што ти го правиш и што го зборуваш, можам логички да го објаснам. Најпосле, можеби и постои некоја сила, но не можам да го прифатам тоа што го зборуваш за Христа и за Светите Тајни.“
Старецот го ислуша и кусо му одговори:
“Поглупав си од гуштер.”
Тој се навреди од овие зборови и почна да негодува. Меѓутоа старецот беше упорен:
”Вистина ти велам. Поглупав си и од гуштер и јас ќе ти го докажам тоа.“
Таму, покрај старецот живееше и еден гуштер и тој го повика. Животинчето му притрча и тој побара да каже дали постои Бог. Гуштерот застана на двете нозе и кимна со главичката, како со тоа движење да дава потврден одговор. Научникот сосема се збуни и почна да плаче. Старецот на тоа му рече:
“Гледаш ли сега дека си поглупав од гуштер? Гуштерот знае дека постои Бог, а ти, кој имаш мозок, не сфаќаш дека постои Бог!”
Професорот си замина од ќелијата на старецот длабоко потресен.
Извадок од книгата:
”Совети за спасението во денешниот свет.“