КОЈА ЦРКВА СПАСУВА?

Објавено на 21.8.2017 11:54:20




Еднаш во некој манастир кај старецот дошле некои монаси и го запрашале:
-Оче, луѓето често нѐ прашуваат: "Има толку многу цркви на оваа грешна замја, која од нив е спасоносна?"
Старецот им одговорил:  
-Одете и донесета дрва покрај мојата келија, но донесете што повеќе.
По некое време, монасите донеле дрва, секој донел толку колку  што можел. Почнало да се стемнува. Затропале на вратата кај старецот, тој излегол и ги видел донесените дрва.
-Запалете огин, - рекол старецот.
Се стемнило, но се сѐ гледало добро, затоа што пламенот бил голем. Седеле монасите околу огинот и молчеле, сите очекувале што ќе каже старецот.
А старецот му рекол на едниот од нив:
-Земи едно дрво од огинот и фрли го настрана.
Монахот го исполнил послушанието, земал едно дрво кое горело и го фрлил настрана. Паднало на земја и полека се изгаснало, лежело на земјата и повеќе не горело. А огинот продолжил да гори и да ги осветлува луѓето... Поминало некое време. Старецот повторно им кажал на монасите:
-Извлечете уште едно дрво од огнот и фрлете го настрана.
Повторно направиле така. И ова отфрлено дрво се изгаснало. Огинот станал помал, но непрестајно светел и осветлувал.
Ова се повторило неколку пати. Во меѓувреме почнало да се разденува. Старецот станал и покажувајќи им ги на монасите изгасените дрва им рекол:
-Ова се црквите кои отпаднале од Христовата Црква. За нив ме прешувавте. Како што огинот ги напушташе овие дрва, така и Божјата благодат ги напуштила тие цркви. 
Потоа се завртел кон огинот и рекол:
-А ова е Светата Соборна Апостолска Црква. Мал е огинот, но непрестајно гори и осветлува.
Додека тоа го зборувал, излегло сонцето и осветлило се наокулу, а старецот продолжил:
-Така до крајот на вековите ќе постои и Светата Соборна Апостолска Црква, чувајќи го во потполност своето учење, додека Христос не дојде во целата Своја слава да им суди и на живите и на мртвите.


Прочитано 784 пати