За внатрешниот мир

Објавено на 01.6.2016 10:00:54


- Што е најважното во духовниот живот?
- Најважното е , мислам, чувањето на мирот во срцето. Не се вознемирувајте по никоја цена. Во срцето треба да владее мир, тишина, молчење, тихување.
Мислениот хаос е состојба на паднатите духови – (демоните, духовите кои отпаднале од Бога). Нашиот ум, меѓутоа, треба да е собран, единствен, внимателен. Само во единствен ум може да се насели единствениот Бог.
  
  Внатрешна молитва
  
        Како вие се учевте на умносрдечната молитва
-Бев сеуште сосема млад кога почнав. Отец амвросиј ми рече: "Што и да правиш, непрестајно говори си во себе: Исусе, Сине Божји, помилуј мја!" Бев дете и се целото срце го послушав. Секој ден ќе му исповедав на отецот духовник што внатре во душата ми се случуваше, а тој ме советуваше што да правам. После извесно време осетив дека заедно со воздухот кој го вдишувам молитвата "влегува" во срцето. Со текот на времето молитвата и сама од себе почна да се врши во срцето. 

Но потоа умре мојот духовник и многу години поминав во големи душевни маки. Тагата ми ја ќинеше душата. Стравот кој го имав стекнато уште од детството повторно ме мачеше. Се плашев дека постарите нема да бидат задоволни со мене и не можев да се издишам.
  
Тогаш што правевте? 
 -Кога како. Најчесто ја зимав армониката, одев во самотија и свирев. Отсекогаш ја сакав музиката, и тоа ќе ми донесеше утеха.
Понекогаш самиот себеси се прашував: "Што сакаш? Дали си гладен, дали си жеден, гол, бос, болен? Бог се дал, па што сакаш тогаш? Но сепак душата тагуваше и бараше некој да ја утеши, но немаше никој да ја утеши".

Одев кај некои духовници, барав совет, но и тоа не помагаше. Тоа беше така додека не ја прочитав Патот на спасението од Теофан Вишенски и Господ помогна. Кога нема никој од луѓето да не утеши, тогаш Господ и преку книгата доаѓа да ја израдува душата. 

отец Тадеј


Прочитано 879 пати